/ ПРОДАЖБА / Услови за рати

Процедура за аплицирање за плаќање на рати

1. Преземете го Барањето за кредит. Барањето е потребно да се отпечати и рачно да се пополни. Задолжителн да се потпише на втората страна!
2. Заедно со барањето потребно е да се приложат: Лична Карта, Здравствена легитимација или здравствена картичка, Извод од тековната сметка за последните 6 месеци.
3. Поврзете се на Viber со MediaNet computers на телефонскиот број 079 362 487
Пратете ги потребните документи со сликање и тоа прва и втора страна од барањето, прва и втора страна од личната карта, здравстената легитимација или картичка и изводот од тековната сметка.
4. Почекајте 15 до 30 минити за разгледување на барањето!
Доколку барањето е одобрено, ќе бидете контактирани за да добиете инструкции околу потпишување на договорот за кредит. За потпишивање на договорот неопходно е да ги понесете оригиналното барање и оригиналните документи.
5. По потпишување на договорот, може да се извршењи преземање на производите. Производите може да ги подигнете од продавницата на МедиаНет во Кочани, или по договор да Ви бидат пратени по достава.

 

Карактеристики на кредит преку Капитал Банка АД Скопје
Намена на кредитот Кредитот важи исклучиво за купување на производи од МедиаНет компјутерс - Кочани
Износ Од 3.000 до 150.000 МКД
Пресметка на рати

Отплаќањето може да се врши од 6 до 24 еднакви рати при што пресметката се врши на следниот начин:

  • 5% каматана стапка, фиксна за целиот период
  • провизија 10% за кредит до 12 месенни рати
  • провизија 12% за кредит до 18 месенни рати
  • провизија 16% за кредит до 24 месенни рати
Начин на Отплата

Месечна отплата со еднакви ануитети. Плаќањето на ратите може да се врши:

  • Во експозитурите на Капитал Банка
  • Со уплата на Жиросметката на Капитал Банка од било која друга банка.

Целосна предвремена отплата е дозволена во секое време без провизија

Општи услови за аплицирање
  • Максимална возраст на клиентот од 73 години на денот на достасување на кредитот
  • Клиентот да биде класифициран во категорија на ризик А во Банката, просечно на ниво на банкарски сектор во категорија Б
  • Ануитетот да не надминува ½ од платата
Потребни документи за купувачот
  1. Барање за кредит
  2. Фотокопија од лична карта или пасош
  3. ЕЗБО број (од здравствена легитимација)
  4. Извод од тековна сметка за последните 6 месеци, за пензионери пензиски чек.
Провизија за предвремена делумна или целосна отплата на кредит
  • Надомест за предвремена отплата не се наплаќа доколку предвремената отплата се случи во време кога каматната стапка не е фиксна.