MERP Финансово и Материјално
MERP (MediaNet Enterprise Resource Planning) е Cloud софтвер, кој овозможува финансово и материјално книговодство на повеќе фирми. Истиот се состои од двa независни софтвера, софтвер за Финансови книговодство, и софтвер за Материјално книговодство. Дополнително секој од софтверите има повеќе модули кои можат да се вклучуваат, исклучуваат во зависност од потребите на корисникот:
1. Финансово книговодство
-
Креирање на повеќе контни планови, така да различни фирми, во различни години можат да користат различни контни планови
-
Шаблони за автоматско книжење на документи во налозите
-
Можност за дефинирање на профитни и трошковни центри и разграничување на книжењата по истите
-
Различни типови на извештаи, аналитика и синтетика, биланс на успех, автоматско креирање на даночни пријави
-
Водење на основни средства
-
Евиденција на вработени и пресметка на плати. Софтверот за плати може да се користи од стандардни пресметки, до сложени пресметки, во зависност од потребите на компаниите.
-
За потребите на големите компании постои и модул “карнетка”, која овозможува дневна евиденција на присутност на вработените, доделување на бонуси и казни, и автоматско креирење на пресметка
1. Материјално книговодство
-
Модулот Малопродажба овозможува комплетна евиденција на еден или повеќе малопродажни објекти како продавници, ресторани, пицерии, киосци, сервиси... Ги содржи сите пропратни документи, како ПЛТ, фискални сметки, фактури, профактури, нивелаци на цени, преносници, креирање на гарантни листови и водење на сервиси, со креирање на документи за прием, поправка и издавање.
-
Модулот Малопродажба овозможува комплетна евиденција на еден или повеќе магацини за големопродажба. Ги содржи сите пропратни документи, како приемници, готови фактури со издавање на фискални сметки, фактури, профактури, преносници, креирање на гарантни листови. Влезните и излезните документи може да се денарски или девизни.
-
Модулот Производство овозможува комплетна евиденција на магацини за суровини, магацини за полуризводи и погони за производство како и магацини за готови производи. Ги содржи сите пропратни документи, како приемници на суровини, евиденција на работни налози, автоматско креирање на составници спрема предтходно зададена нормативи. Креирање на фактури, профактури, преносници, креирање на гарантни листови. Влезните и излезните документи може да се денарски или девизни.
-
Софверот за материјално, содржи и модул Финансова оператива, т.е. евиденција на фактури и плаќања за добавувачи и купувачи, независно од финансовото книговодство.
-
По потреба МедиаНет нуди и изработка на e-Commercе Веб страна комплетно интегрирана со материјалното работење .
Софтверот може да се користи во MediaNet cloud или да се инсталира на приватен cloud или сопствен сервер.
Овозможува и креирање на различни корисници со пооделни права, во зависност од потребите на компанијата.