MERP Производство
MERP Производство е интегрално режение за следење на производство, наменет за средни и големи компании. Со него можат да се следат една или повеќе производни целини, независно дали компанијата има еден или повеќе типови на производни дејности. Дополнително софтверот овозможува и следење на магацини за Трговска роба а во себе содржи и модул за ЛОН т.е евиденција на увоз за облагородување. Софтверот се состои од три главни модули:
1. Магацин за суровини и материјали
-
Следење и планирање на Нарачки (Purchase Orders)
-
Можност за креирање на повеќе магацини со различни магационери
-
Внесување на приемници, издатници и преносници на материјали
-
Следење на залиха по централни броеви (следење на лотови)
2. Производство
-
Дефинирање на нормативи (BOM - Bill of Materials).
-
Можност за креирање на повеќе погони за производство, за шкарт и магацини за полупроизводи со различни магационери
-
Креирање и следење на работни налози
-
Креирање на документи Составници со која се задолжуваат производите и автоматски се раздолжуваат употребените материјали
-
Следење на залиха по централни броеви (следење на лотови)
3. Продажба и Готови Производи
-
Следење на Порачки (Orders)
-
Креирање на Фактури, Профактури денарски и девизни,
-
Креирање на Испратници и Пакинг Листи
-
Следење на залиха по централни броеви (следење на лотови)
Софтверот содржи и модули кои овозможуваат планирање на производтсво како и планирање на набавки на материјали, на неделна основа. Овозможува и финансова евиденција на купувачи и добавувачи, а по потреба може да се поврзи со Софтверот за Книговодство заради автоматско книжење на документите.